СКОПСКО со нов проект во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак
Скопје, 7 декември 2022г. - СКОПСКО ja претстави новата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак и други поддржувачи. Главната цел на оваа платформа е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и заштита од загадување.
“Пивара Скопје е компанија со стогодишна традиција, но целосно посветена на иднината и на одржливиот развој. Преку силата на нашиот најпознат македонски бренд – СКОПСКО, ја започнуваме долгорочната платформа „Наша гордост. Наша одговорност.“, која се фокусира на животната средина и повисоката цел која СКОПСКО како бренд ја има - да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направиме светот подобар, сите заедно. Заедно ја делиме одговорноста за да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост – природните и културни обележја на нашата земја.“ – изјави Горан Сладиќ, генерален директор на Пивара Скопје, истакнувајќи дека овој проект целосно ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржливост согласно платформата Свет без отпад до 2030 година, како и намалување на нето јаглеродните емисии на компанијата до 2040 година.
„Една од клучните мисии во заштитата на животната средина на Министерството за животна средина и просторно планирање е воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад со што еднаш за секогаш ќе го решиме проблемот на расфрланиот смет низ државата и безбројните диви депонии што даваат грда слика на големото природно и културно богатство со кое оваа држава изобилува. Од таа причина ние како Министерство сме отворени за соработка и за поддршка на сите оние што сакаат да се вклучат во тој процес, било со конкретни активности, било со акции за подигнување и градење на свеста дека отпадот има свое место, дека секој отпад не е ѓубре и најголемиот дел има употребна вредност, а дека со градење на добри навики за постапување со отпадот придонесуваме за чиста животна средина, за зајакнување на економијата и најпосле и за заштита на сопственото здравје.“ - изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.
„Сакаме да потенцираме дека рециклирањето е еден од најлесно применливите модели од циркуларната економија кон која стремиме, а со селекцијата и рециклирањето на отпадот најбрзо и најлесно може да придонесеме како индивидуи кон спас на нашата земја и планетата. Навистина сме горди што Пакомак е дел од овој проект, прв од многуте проекти кои ќе бидат инспирирани од визијата за позелена иднина. И како што вели нашиот слоган, би ги повикал граѓаните и компаниите да Селектираат Иднина и да нѐ поддржат во оваа наша заложба.“ – изјави извршниот директор на Пакомак, Филип Ивановски.
Првата фаза на реализација на целите на платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ , опфаќа повеќе активности за чистење и заштита на Охридското Езеро, со целосна поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак, општините Охрид, Струга и Дебрца, нуркачките клубови Амфора и Акватек, волонтерите од Пивара Скопје и Мен анд Маунтаин. Во акцијата за најава на платформата беа исчистени над 100.000 метри квадратни површина од отпад од дното и крајбрежјето на Охридското Езеро.
За наредната година планирани се уште неколку акции за чистење, како и активности за пошироко вклучување на заедницата, за јакнење на свесноста и заштита на националната гордост - Охридското Езеро.
Во годините кои следат Скопско ќе опфати и други национални обележја во нашата земја.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување