Македонија
9. December 2017 - 13:38

Скопско семејство остана без 20.000 евра и злато

Непознат сторител синоќа во период од од 21 часот до 23:30 часот украл 20.000 евра ден и златен накит од куќа во скопското село Стајковци.

МВР информира дека кражбата еден час по полноќ ја пријавил Н.З.(45), сопственик на куќата.

Имено сторителот со употреба на погоден предмет и физичка сила ја отворил балконската врата, влегол внатре во куќата и ги пронашол и одзел наведените предмети. Се работи на целосно расчистување на случајот.