Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански Пулс. Врховниот суд го уважи предлогот од штипска апелација за пренесување на надлежноста.
„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“, го определи Основниот кривичен суд Скопје“.
Ваквата одлука доаѓа откако кочанскиот суд побара изземање, бидејќи сите петмина судии веќе биле инволвирани во носењето на одлуки за мерките за обезбедување на обвинетите. Обвинение е поднесено за 34 лица, осомничени за тешки дела против општата сигурност.
Ново на Сител
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка