Скопски водовод отстрани диви приклучоци во Долна Матка, село Крушопек и Сарај
Во последната акција за отстранување на диви приклучоци, спроведена од екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје биле отстранети диви приклучоци во Долна Матка, село Крушопек и Сарај.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека со цел заштита на водоснабдителниот систем континуирано спроведуваат акции за отстранување на дивите приклучоци.
– Дивите приклучоци се забранети со закон (Закон за водоснабдување, член 23) и се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснабдување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело, посочуваат од јавното водоводно претпријатие.
Укажуваат дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето до сите корисници во град Скопје.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги повикува граѓаните на одговорно однесување и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба. Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, да го пријават на 023073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS.
Ново на Сител
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 3 лица
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време
-
МВР со детали за верижната сообраќајка на Скопска обиколница
-
Спасени три питбули и дорбеман користени за борби на кучиња во Врапчиште
-
Во Словенија утре Ден на жалост поради загинувањето на тројцата рудари
-
Магла во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица