Македонија
14. August 2023 - 19:50

Скопски противпожарни екипи гаснат пожар во Горно Лисиче

Две екипи на противпожарна бригада на Град Скопје со две возила работат на гаснење на пожарот во Горно Лисиче, во местото наречено „Бановина“, информираат од Центарот за управување со кризи.

- Гори сува трева и ѓубре. Нема опасност од ширење, известуваат од ЦУК.