Скопје Север ја прекина испораката на парно
Топланата Север од денеска ја стопираше испораката на топлинска енергија за своите корисници. Како што инфомираа од компанијата немаат ниту пари за гас, ниту пак помош од државата.
И покрај направените напори и преговори од страна на овластените лица од Друштвото Скопје Север АД Скопје сеуште не е обезбедена финансиската поддршка од АД Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, со што се доведува во прашање понатамошното работење на Топланата Скопје Север АД Скопје.
Од тие причини, односно без обезбедена финансиска помош од надлежните органи и институции за набавка на природен гас друштвото Скопје Север АД Скопје сметано од 13.11.2022 година ќе прекине со испораката на топлинска енергија до корисниците на подрачјето на Општина Чаир и Бутел, информираа од Скопје Север.
Услугите на оваа топлана ги користат 500 домови, 13 училишта, градинките и здравствените домови во Чаир, Бутал и Топана.
Ново на Сител
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија