Скопје го одбележа Денот без автомобили
Неколку илјади скопјани денеска на големо велосипедско дефиле, низ повеќе улици во градот, ја одбележаа „Европската недела на мобилност“ односно 22 септември - Ден без автомобили. На дефилето учествуваше и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски како и заменик министерот за животна стредина Стево Темелковски.
- Целта на ова дефиле е да се подигне јавната свест кај граѓаните за користење на велосипедот како превозносредство, а воедно исто така да се подигне свеста и на другите учесници во сообраќајот, пред се на моторизираните возила да имаат почитување кон велосипедистите, истакна Трајановски.
Потсети дека Градот Скопје го реализира тригодишниот план за изградба на велосипедски патеки во Скопје, а моментално три компании работат на изработка на првата фаза за изработката на патеките.
Заменик министерот Темелковски информира дека оваа година во Македонија на денот без автомобил учествуваат 15 градови односно 1.700 градови во Европа во вкупно 42 држави.
- Не само денеска, туку во текот на сите 365 дена од годината треба да сме свесни дека автомобилите треба да се користат одговорно, дека треба да го правиме вистинскиот избор на начинот на транспорт и дека треба да ги користиме предностите на современиот урбан начин на живеење водејќи сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме, рече Темелковски.
Порача дека ако секој од нас тргне од самиот себе, со менување на некои секојдневни навики и со правење на вистинскиот избор, резултатот ќе стане видлив.
Велосипедистите почнувајќи од Порта Македонија по улицата „Димитрија Чуповски“, булеварите „Свети Климент Охридски“ и „Партизански одреди“ до кружниот тек кај Порта Влае и назад по булеварот „8.Септември“ и „Илинденска“ возеа до целта кај Школката во Градскиот парк, во должина од околу 10 километри.
Ново на Сител
-
Апел за рационално користење на водата: Зголемената потрошувачка предизвикува прекини и намален притисок во Скопје
-
До сабота сончево и многу топло, дневната температура до 42 степени
-
ЕМОФ Скопје 2025 отворен со спектакуларна церемонија - Македонија ја пречека Европа со спорт, музика и заедништво
-
Регионалниот пат Куманово - ГП Пелинце ќе биде затворен за сообраќај поради велосипедска трка
-
Куманово ќе спроведе трет треман на терестичка дезинсекција
-
Активни четири пожари, три се под контрола, а 15 се изгаснати
-
Рекорднa запленa од 206 кг кокаин на границата меѓу Бугарија и Турција, приведен дипломат
-
Шефот на мароканската дипломатија во посета на земјава на средба со Муцунски