Македонија
9. October 2021 - 17:09

Скопјанка пренесена на клиника со тешки повреди откако била нападната и ограбена

Вчера во 15.15 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена М.С.(78) од Скопје, со тешки телесни повреди, велат од МВР.

Полициски службеници излегле на местото, при што било констатирано дека М.С. со повредите се здобила откако едно лице на подрачјето на Центар физички ја нападнало и ѝ ја одзело чантата.

Се работи на расчистување на случајот.