Бизнис
26. May 2024 - 16:38

Веќе трет месец вработените во Македонски шуми се без плата

Без плата и придонеси веќе трет месец се вработените во Македонски шуми. Не им е исплатена мартовската и априлската плата, а за неколку дена ќе стигне и мајската . Вработените разочарани – иако официјално се во штрајк – одат на работа, без да ги извршуваат работните задачи, од Синдикатот велат дека не можат да одат на  доктор, затоа што немаат здравствено осигирување.  

Не можат дел од вработените да одат на дијализа, на хемотерапија, Откажуваат веќе закажани операции. Ова е катастрофа. Ние сме во технички штрајк, сметката ни е блокираната. На жими мајка една фирма ни даде нафта за милион и пол денари,  ама ќе се потрошат залихите за недела, две и после што ќе правиме?- прашува  Мите Сакалиев, престедател ан Синдикат на Македонски Шуми

Натрупаните  и неплатени  долгови им ја блокираат  сметката на ова јавно претпријатие. Сега се чека на позајмица од Владата, за да можат да исплатат барем една плата

Ни ветија дека ќе ни дадат позајмица од Државна Лотарија од 50 милиони денари. Со тие пари ќе можеме да исплатиме барем една плата, за март. Ако ни дадат помош, очекуваме за 7 дена да им дадеме плата на вработените, вели Валентин, Груевски,  директор на Македонски шуми

Во македонски шуми вработени се 1,800 лица, кои земаат во просек по 25 илјади денари плата. Од Синдикатот велат дека и до сега доцнела исплатата, но ова е прв пат да се чека толку. Првиот протест оваа година беше во март за неисплатена јануарска плата. Вториот средината на април за неисплатена февруарска и мартовска плата. По десетина дена  ја добиле февруарската, а  за останатите – се чека.