Скопјанец влегол со нож во аптека и ја ограбил, фатен по 10 дена
Секторот за внатрешни работи Скопје до скопското Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.П.(32) од Скопје, кој е осомничен дека извршил разбојништво во аптека и се стекнал со противправна имотна корист од околу 35.000 денари.
Пријавениот С.П., соопшти денеска МВР, на 3.10.2018 година околу 20:50 часот во аптека на улица „Лука Геров“ со закана со нож од вработената одзел 35.000 денари од касата, по што побегнал.
По преземени мерки и активности, С.П. бил лишен од слобода на 12.овој месец. Во разговор со полициски службеници пријавениот го признал делото, а ги посочил и местата каде што ги фрлил предметите кои ги носел на себе при вршењето на кривичното дело.
На 13.овој месец, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот.
Ново на Сител
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики