-->
-->
Скопјанец фатен на дело - превезувал миграни
-->
Вчера во 05.00 часот на бензинска пумпа кај село Удово, полициски службеници од Полициска станица Валандово пронашле патничко возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки со 14 лица мигранти од Пакистан, без возач. По извршениот увид на местото, во 06.00 часот возилото и мигрантите биле превземени од полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин „Богородица“.
За случајот бил известен Јавен обвинител, по чии насоки возилото било задржано во Полициска станица за Граничен премин „Богородица“, а лицата биле предадени во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка. Инаку, на возилото имало регистарски таблици од товарно возило „Застава“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори