Скандал во Црна Гора: Свадба се претворила во пекол поради националистичка песна- свекорот направил невиден хаос
Свадба во градот Никшиќ, Црна Гора, заврши неславно, поради тоа што тештата неколкупати нарачала иста песна.
Според српските медиуми, договорот бил – забавата да мине без „националистички“ песни. Но, откако два-трипати ја слушнал српската народна „Мајка ме родила Србинка“, свекорот ги предупредил присутните дека „доста е од овие песни оти ова е Црна Гора!“
Настанала мешаница меѓу роднините, сватовите и пријателите, а сѐ тоа кулминирало кога братот на невестата ја фатил сестра си за рака и ја извел надвор од прославата.
Караницата продолжила, па свекорот ги искинал и каблите на бендот што свирел на свадбената прослава.
Несудената невеста, пак, отишла во блискиот манастир Свети Василије Острошки, за да го оплакува својот пропаднат брак.
Три часа откако младенците си кажале „да“, се случил и разводот.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд