Скандал околу новиот хит на Аријана Гранде и Џастин Бибер
Аријана Гранде и Џастин Бибер се соочуваат со неочекувани обвинувања, дека наводно, новата заедничка песна „Stuck with U“ не стигнала на првото на топ-листите на чесен начин, односно нивните моќни менаџерски екипи „го купиле” тој успех.
Раперот Сикснајн (6ix9ine) директно ги обвини Аријана Гранде и Џастин Бибер, дека сами платиле за половина продажби на хитот, со што го зазедоа првото место во САД. Песната на Сикснајн – „GOOBA“ притоа заврши трета.
Аријана Гранде на Твитер одговори на обвинувањата. Според неа, дуетот со Џастин Бибер добро се продал како „сингл“.
– Моите обожаватели ја купија песната. Обожавателите на Џастин ја купија песната. А, тие кои не се задоволни од пласманот, да бидат малку поскромни, напиша поп-пејачката.
Потоа таа појасни дека во класификацијата на главната, Билборд листа, купувањето „синглови“ има поголема тежина од стримувањето на интернет.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива