Скандал на врвот: Дечко и девојка имаа секс на Кепсовата пирамида
Египетската полиција започнала истрага откако еден дански пар се искачил на Кеопсовата пирамида во Гиза, за потоа да се фотографираат голи во текот на сексуалниот однос на врвот на една од најголемите туристички атракции во земјата.
- Министерот за културно наследство, Калед ал-Анани поднел кривична пријава против парот, известил весникот „Ал-Ахрам“.
На видео снимката може да се видат маж и жена како се качуваат на врвот на Големата пирамида, а на крајот има замрзната фотографија на која позираат голи додека водат љубов.
Не се знае дали парот се уште е во Египет.
Снимката која трае три минути објавена е на Јутуб и предизвика огорченост кај Египќаните.
„Скандал на врвот на пирамидата…. Како само можеле да се качат? Сигурно ги подмитиле чуварите“, напишал еден корисник на Твитер.
Ново на Сител
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство
-
Проширена истрагата за пожарот во Кочани, партиите и денеска со меѓусебни обвинувања
-
Одложена расправата за Коцевски, предлогот за разрешување нема да оди во Собрание
-
Пет инспекциски екипи од денеска ќе проверуваат дали се безбедни објектите за прослави и големи собири
-
Прилепскиот театар е првиот објект кој доби забрана за користење поради лошите услови
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија