Сѐ повеќе Германци сакаат да знаат како биле одгледувани животните од менито
Дури 39 отсто од Германците кои јадат месо сакаат да знаат како биле сместени и одгледувани животните од менито во ресторан и со што се хранеле, покажува ново истражување.
Наводите од испитувањето, од друга страна, покажуваат и дека за 35 отсто од германските граѓани, оваа информација не е важна, а 20 проценти од испитаниците се рамнодушни. Останатите не се изјасниле. Особено заинтересирани за тие „сточарски подробности“ се помладите лица, на возраст од 18 до 35 години. Околу 50 отсто од нив, при посета на ресторан, сакаат да го знаат тој податок. Тие сметаат дека е важно да се понуди месо од доставувачи кои им обезбедиле пристап до отворено на животните и повеќе простор за движење.
Спротивно на тоа, испитаниците со 55 години и повеќе, го сметаат тоа за помалку важно, со нешто над 30 проценти заинтересирани.
За поголемиот дел од испитаниците – две третини, начинот на којшто се чува животното игра важна улога во одлуката да го нарачаат или не.
Само четвртина од испитаниците сметаат дека е неважно или помалку важно. Повеќе од половина т.е. 55 отсто велат дека се подготвени да платат и повеќе за месо од доставувачи со повисоки услови за одгледување.
Супермаркетите во Германија долго време имаат проширена доброволна етикета за благосостојба на одгледуваните животни. Од следното лето ќе се воведе и задолжително државно лого – првично, само за свежото свинско месо. Сојузниот министер за земјоделство, Џем Eздемир од Партијата на зелените има намера ова да го прошири и во угостителството.
Социјалдемократите и Зелените предлагаат информациите за сточарското одгледување да бидат вклучени во менијата, ценовниците и огласите. Долниот дом на Собранието првпат за сѐ ова ќе расправа утре, но можното усвојување најверојатно би се случило по следните избори. Угостителите не сакаат да даваат такви информации. Тие ги отфрлија новите барања за таков вид етикетирање.
Ново на Сител
-
Голем бод за Македонија против Белгија
-
Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
-
ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција