Ситуацијата во Венеција полека се нормализира
Венеција се враќа во нормала, откако поради плимата беше поплавена трипати во една седмица. Според метеоролошките прогнози нивото на водата се спушта, а денеска повторно се отворени училиштата, соопштија градските власти.
Околу 70 отсто од Венеција, која е под заштита на УНЕСКО, беше поплавена вчера, кога нивото на водата се искачи на 150 сантиметри над морето.
Плоштадот Свети Марко, најниската точка во градот, и натаму е поплавен и затворен за туристи, а стотици волонтери им помагаат на граѓаните да се соочат со оваа опасна и вонредна ситуација.
Сепак, новинските екипи известуваат дека во градот престојуваат голем број туристи, повеќе од очекуваното, кои носат високи гумени чизми за да можат да одат по поплавените области на градот.
Со четири плими над 140 сантиметри од понеделникот, изминатата недела беше најлоша од почетокот на мерењето на плимата во Венеција од 1872 година.
Градоначалникот Луиџи Бруњаро процени дека штетите од поплавите во градот изнесуваат околу една милијарда евра.
Ново на Сител
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план
-
Таравари со отчет за првите 100 дена: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство
-
СДСМ: За 100 дена влада нула мерки и закочени субвенции
-
Еден затвореник ја чини државата 10 илјада евра годишно, како да се реши пренатрупаноста во затворите?
-
Зголемена потребата од негуватели
-
Преглед на вестите од светот
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?