Џет-Сет
27. January 2016 - 14:50

Сите знаеме како денес изгледа Зорица Брунслиќ, но дали ќе ја препознаете во младоста

Дури и оние кои не се љубители на нејзината музика добро знаат која е Зорица Брунслиќ. Покрај богатата кариера, таа на сите е позната по необичните штикли и бојата на косата.
 
Сепак за разлика од сега некогаш имала долга црна витка коса. На почетокот на кариерата се истакнала со своите музички способности, а зад нејзе има голем број на хитови. Исто така се има истакнато и во филмската индустрија кога за прв пат пеела со Жика Павловиќ и Милан Тодоровиќ во филмот "Каков дедо, таков внук".
 
Подоцна сакајќи да го промени изгледот а со тоа да направи нешто по што сите ќе ја памтат, ја менува бојата на косата па може да се рече дека оттогаш тоа е нејзиниот заштитен знак.