Македонија
5. August 2024 - 16:33

Сите сили насочени кон пожарот кај Македонски Брод - Продолжува битката со пожарите

Скоро сите сили со кои располагаме и денеска се насочени кон Македонски Брод. Воздухопловите делуваат со тактика, концентрирано гаснење точка по точка. Огнот се напаѓа и од копно. Пожарникари од Унгарија со специјализирани возила се пробиваат низ тешко пристапните терени и се борат со огнената стихија, која со денови уништува квалитетна борова шума. Ним им помагаат и 50-тина војници, заедно со пожарникарите од МБ. Селото Брезница не е во опасност, тврдат надлежните, оти мештаните си направиле противпожарни појаси околу селото.

Огнената стихија на Илинска планина која со денови се протега, се уште предизвикува главоболки на службите. Црниот густи чад ги натерал пилотите на ертракторите да прекинат со гаснење од воздух, па затоа таму фокусот во гаснење се става од земја.

Денеска е критично и кај Гевгелија, Студеничари и Пробиштип.

Од 29 во изминатото деноноќие, изгаснат е 21 пожар. Денеска си замина и посадата на чешкиот хеликоптер. Се повлече и словенскиот воздухоплов, како и двата шведски ер трактори.

Во главниот град денеска ќе биде отворен и пункт каде граѓаните ќе може да донираат храна, облека, мебел и душеци. Потоа овие донации ќе бидат донирани на семејствата во Источна Македонија и светиниколско, чии  домолви настрадаа во огнените стихии.

 

ПОЖАРИ ВО ИЗМИНАТОТО ДЕНОНОЌИЕ

 

 

ИЗГАСНАТИ

ПОЖАРИ

 

 

АКТИВНИ

ПОЖАРИ

 

ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА

29

21

5

3