Сириските бунтовници обвинуваат за хемиски напад во Источна Гута
Едно дете загина во Источна Гута, при напад на сириските владини сили за кој се претпоставува дека е извршен со хемиско оружје, соопштија денеска бунтовнички извори.
Истите извори, како што информира Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, посочуваат дека 14 лица се пожалиле на проблеми со дишењето откако авион на сириското Воено воздухопловство го нападнал селото Ал Шофаните во реонот на Источна Гута.
Сириската Влада досега жестоко ги отфрлаше сите обвинувања за напади со хемиско оружје. Бунтовниците претходно обвинија дека сириските владини сили извршиле напади со хлор во Источна Гута и на 13 и 22 јануари, но таквите обвинувања не беа потврдени од неутрални извори.
Како што јави ДПА, обвинувањата за наводен напад со хлор извршен вчера врз последното упориште на бунтовниците во близината на Дамаск, доаѓа по усвојувањето на Резолуцијата на Советот за бебзедност на ОН во саботата, со која се повикува на итно прогласување на 30-дневен прекин на огнот во Сирија, со цел да се овозможи достава на хуманитарната помош и да се изврши медицинската евакуација.
Во меѓу време, Сирискиот центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон соопшти и дека најмалку 10 цивили загинале денеска при воздушни и артилериски напад на сириските владини сили врз Источна Гута.
Истиот извор наведува дека деветмина од загинатите, меѓу кои и три деца, се членови на едно семејство.
Сириските владини сили минатата недела започнаа жестоки воздушни и артилериски напади врз Источна Гута, што беше оценето како подготовка за копненна операција на врз територијата од околку 100 километри квадратни, што е под контрола на бунтовниците.
Во осумдневните напади на владините сили врз Источна Гута загинаа над 500 цивили.
Реонот на Источна Гута, што се наоѓа источно од Дамаск, од 2013 година е под контрола на бунтовниците. На оваа територија, опколена од владините сили, живеат околу 400.000 лица.
Ново на Сител
-
Хегсет го брани нападот врз Иран: Програмата е „уништена“, и покрај сомнежите
-
Интерпелација за Костадиновски во Собрание
-
Еврокомисијата очекува договор со Словачка и Унгарија за 18-от пакет санкции кон Русија
-
Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање
-
Нетанјаху поради Иран и Газа бара одложување на рочиштето во процесот за корупција
-
Историска мисија: Астронаути од Индија, Унгарија и Полска првпат на МВС
-
Исплатени 265.720.530 денари субвенции кон 4 659 земјоделци, инвестиции од 16.041.565 во сточарството
-
Старица пријавила измама од 30 илјади евра од лице кое се претставувало како лекар