-->
-->
Сирискиот министер за надворешни работи во посета на Москва
-->
Шефот на сириската дипломатија Валид ал Муалем на покана на рускиот колега Сергеј Лавров од утре, па до сабота, ќе претстојува во Москва.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова истакна дека на средбата ќе се разговара за ситуацијата во Сирија „која беше нападната и е напаѓана од терористи, како и од САД“.
- Ќе бидат разгледани и евентуални заеднички чекори за минимизирање на негативните последици од најгрубото кршење на меѓународното право на меѓународниот и регионален мир и безбедност, посочи Захарова.
На 15 април во Москва планиранa е и трилатерална средба на министрите за надворешни работи на Русија, Сирија и Иран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
-
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
-
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица
-
Поевтинуваат дел од горивата
-
Запленети лекови, мобилни „ајфон 16“, часовници „ролекс“, девизи
-
На респиратор новороденчето чија мајка почина во кумановската болница
-
РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври