Сириски бунтовници презедоа контрола врз граничен премин меѓу Сирија и Ирак
Бејрут, 5 март 2016 (МИА) - Група сириски бунтовници синоќа презедоа контрола врз граничен премин меѓу Сирија и Ирак, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човекови права, со седиште во Лондон.
Бунтовниците влегле на сириска територија преку Јордан, каде биле обучувани. Потоа заминале кон преминот Танаф, чиј ирачки дел е контролиран од борци на Исламска држава.
Во мај минатата година ИД го презеде Танаф заедно со Палмира. Во тој период Танаф беше последниот граничен премин меѓу Сирија и Ирак, кој беше контролиран од силите на режимот во Дамаск. По офанзивните бомбардирања на меѓународната коалиција врз позиции на ИД, изламистите се повлекоа од сирискиот дел на Танаф и на тој начин им овозможија полесен напредок на бунтовниците.
На останатиот дел од сириско-ирачката граница ИД се уште го контролира централниот и стратешки граничен премин Абу Камал, а курдските сили преминот Јарабија.
Ново на Сител
-
ОЈО поднесе обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД