Сириската армија навлезе во клучниот град во Источна Гута
Припадници на сириската армија навлегов во градот Хамурија, кој е клучно населено место во регионот на Источна Гута, што е под контрола на повеќе бунтовнички групи.
Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, владините сили ја нападнале Хамурија и воспоставиле делумна контрола врз градот, кој се наоѓа во јужниот дел на бунтовничката енклава.
Сириската армија на 18 февруари започна офанзива врз реонот на Источна Гута, која е последна територија во близината на Дамаск контролирана од сириските бунтовници.
Областа на Хамурија, која е под контрола на групата Фајлак ал Рахман, последниве денови беше изложена на жестоки напади на владините сили.
Според хуманитраните организации, од почетокот на сириската офанзива, во Источна Гута загинале над 1.220 цивили.
Ново на Сител
-
ОЈО поднесе обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД