Балкан
30. January 2020 - 11:13

Сириец со нож ја убил сопругата во бегалски камп во близина на Атина

Бегалец од Сирија, со нож, смртно ја повредил неговата сопруга во бегалскиот камп Лаврио во близина на Атина, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, инцидентот се случил синоќа, жената по инцидентот веднаш била пренесена во болница, каде што лекарите констатирале смрт, додека пак нејзиниот сопруг побегал и полицијата трага по него, јави дописничката на МИА од Атина.