Синот на Сулејман Реџепи е ранетиот полицаец во кого попладневно беше пукано од возило во движење
Синот на поранешниот прв човек на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи е ранетиот полицаец во кого попладневно беше пукано од возило во движење, неофицијално дознава Пресс24.
Тој во МВР е вработен како инспектор.
Инцидентот се случи околу 16 часот откако од возило во движење било пукано кон синот на поранешниот прв човек на ИВЗ во Ѓорче Петров.
Според официјалните информации кои доаѓаат од полицијата, инспекторот бил ранет во ногата и самиот отишол да побара помош во Градската општа болница „8-ми Септември“.
Околу 16,40 часот пријавено е дека во Скопје,на кружниот тек во населба Ѓорче Петров кај црквата Св.Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило "мерцедес", во кое бил полицискиот службеник З. Р.. Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември" за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра