Синот на Бајден неочекувано се појави на распит во Конгресот поврзан со истрагата за импичмент на претседателот на САД
Хантер Бајден, синот на претседателот на САД Џо Бајден, денеска неочекувано се појави на Капитол хил каде се одржува распит околу неговото непочитување на барање на конгресна комисија да учествува на сослушување за наводен криминал на претседателот поради поврзаност со неговиот бизнис.
Две конгресни комисии денеска планираа да гласаат за осуда на Бајден помладиот за непочитување на Конгресот.
- Републикански претседавачи денеска наредуваа со резолуција без преседан да осудат некого за непочитување кој се понуди јавно да одговори на сите нивни прашања. Прашањето тука е од што тие се плашат, изјави за новинарите адвокатот на Бајден.
Распитот е последица на одлуката на Бајден да не ги почитува барањата од две конгресни комисии за негов распит зад затворени врати. Распитите се дел од обидот на републиканците да извршат импичмент на претседателот Бајден.
Демократите и синот на Бајден се согласни на распит но под услов тој да биде отворен за јавноста поради страв од селективни протекувања на податоци. Во кратка изјава денеска Хантер Бајден рече дека ќе одговори на сите „легитимни прашања“ од истражителите на Претставничкиот дом.
Републиканците се држат на ставот дека тој не може да ги диктира условите на неговото појавување и дека треба првин да одговори на прашањата „приватно“.
Ново на Сител
-
Протест пред зградата на РТС во Белград: Студентите залудно бараа вклучување во програмата
-
Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо
-
Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното
-
Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа
-
Ја заслужуваш титулата пријателе - Ѓоковиќ ќе навива за Зверев во финалето на Австралија Опен
-
Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка