Синдикатите и Владата во нов обид да најдат решение за платите во јавниот сектор
Синдикатите и Владата денеска повторно ќе се сретнат во обид да најдат заедничко прифатливо решение за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор.
Оптимизам има кај двете страни по последната средба што се одржа во Министерството за финансии. Министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА, што беше објавено викендот, истакна дека според климата и интензитетот на разговори блиску се до постигнување на договор.
- Мислам дека има солидна клима, меѓусебна доверба, волја за решение. Треба уште некои финеси да ги дефинираме и доколку сме со овој интензитет, прашање на денови е кога би го заокружиле прашањето со синдикатите во интерес на сите граѓани, посочи Бесими, додавајќи дека е рационален оптимист.
Не откривајќи детали бидејќи преговорите се уште се во тек, Бесими посочи дека е прифатливо коефициентот да се воведе како нов модел и дека неговото врзување со просечната бруто плата, доколку се согласат со синдикатите, би се реализирано од март 2025 година. Дотогаш би имало транзициски период во кој ќе растат платите, но со која динамика ќе биде тоа, ќе треба да се договорат заедно со синдикатите.
Со ова, според Бесими, ќе има системско решение и ќе се создаде солидна платформа во иднина економско-социјалниот дијалог да биде уште поквалитетен и потранспарентен.
- Ние сега правиме трансформација на системот како што правевме претходните две години кога воведовме системско решение за пензионерите и тие сега имаат контиуниран раст на пензиите во услови на пораст на цените. Слично е и со минималната плата каде воведовме механизам. Сега и ова прашање ќе го решиме системски со платформата и потоа сите во секоја област, гранковите синдикати ќе ги продолжат разговорите според спефициките, вели Бесими.
Во зависност од договорот што ќе се постигне, ќе се види и дали од септември ќе има потреба за ребаланс на Буџетот.
Оптимизам има и кај синдикатите. По последниот состанок во Министерството за финансии, тие изјавија дека има напредок во преговорите и доближување на ставовите.
Очекуваат двоцифрено зголемување на платите од септември и исплата на регрес за годишен одмор, а од март 2025 година да почне новата методологија за раст на платите.
- Инфлацијата е 14,2 проценти, порастот на минималната плата е 12,55 проценти и просечната плата минатата година пораснала 10,9 проценти. Ние како претставници на работниците сметаме дека тоа треба да биде стартна основа на која ќе го градиме заедничкиот однос и доверба со потпишувањето на Општиот колективен договор, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов за телевизија Сител.
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија