Син на нарко босот Ел Чапо е меѓу киднапираните во летувалиштето Пуерто Вајарта
Еден од синовите на најпознатиот мексикански нарко бос Хоакин Ел Чапо Гусман е меѓу шестемината киднапирани од ресторанот во мексиканското летувалиште Пуерто Вајарта, пренесоа светските агенции.
- Хесус Алфредо Гусман Саласар (29), син на Хоакин Гусман, е меѓу грабнатите, соопшти обвинителот на државата Халиско, Едуардо Алмагуер.
Седум вооружени мажи во понеделникот утрината упаднаа во ресторанот во луксузниот кварт на комплексот, што се наоѓа на Тихоокеанското крајбрежје на Мексико. Напаѓачите од ресторанот киднапираа неколку лица. Претпоставка е дека киднапирањето е расчистување на сметките меѓу наркокартелите.
Се смета дека одговорноста за киднапирањето е на картелот „Нова генерација на Халиско“.
Самиот Ел Чапо се наоѓа во затвор во Сиудад Хуарес, во близина на границата со САД. Тој го очекува евентуално екстрадирање во САД, на инсистирање на Вашингтон. Во јули минатата година Ел Чапо успеа да избега од затвор преку тунел, што го прокопа од неговата затворска ќелија. Беше фатен шест месеци подоцна.
Картелот „Нова генерација на Халиско“ за неколку години се претвори во еден од најмоќните мексикански наркокартели.
Ново на Сител
-
„Андроид 16“ би можел да го носи кодното име „Баклава“
-
Последен пат ја виделе неандерталците: Комета, што се појавува еднаш на 80.000 години, месецов е на небото над Земјата
-
Судот на правдата на ЕУ ја одби жалбата на забраната за давање адвокатски услуги на руски субјекти
-
Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно
-
ЦУК: 11 пожари на отворено, девет пожарникари дежураат кај зградата во Чаир
-
Во Визбегово се убиваат улични животни и миленици со огнено оружје, предупредува Анима Мунди
-
Во Прилеп денеска е ден на жалост
-
Ракометарите на Веспрем триумфираа на Светско клупско првенство