Симболична велосипедска тура на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Куманово
Кумановци се придружија на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ која денеска место марш организираше велосипедска трка. Поддржувачите на иницијативата уште еднаш упатија пораки за зачувување на унитарноста на државата.
Граѓаните со велосипеди се собраа пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и возеа низ улиците и булеварите во поширокото централно градско подрачје. Ним им се приклучија велосипедисти на неколку клучки во градот, кои на овој начин уште еднаш кажаа дека се против воведување на двојазичноста и и промена на Уставот на државата.
- Даваме поддршка на претседателот Иванов за неговата одлука, за унитарна Македониј, ние немаме резервна држава, изјави велосипедистот Александар Ефремовски.
Граѓаните побараа политичките партии да не прифаќаат платформи кои се донесени во друга држава, а се однесуваат на Македонија. Претходните денови кумановци маршираа низ градските улици.
Ново на Сител
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо