Силување во Струмица
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против струмичанецот Џ.Д.(32) поради постоење основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „обљуба врз немоќно лице“, информираа денеска со сооштение од струмичката полиција.
Вчера лице од струмичко село во Полициската станица во Струмица, пријавило обљуба над нејзината ќерка, која е со умерена психичка попреченост.
-Веднаш по пријавување на настанот од страна на полициски службеници во СВР-Струмица преземени се мерки и активности за идентификување на сторителот и расветлување на кривично-правниот настан. Лицето е лишено од слобода и по извршениот разговор заедно со кривичната пријава е предаден во ОЈО Струмица, додаваат во соопштението од струмичката полиција.
Ново на Сител
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“