Сиљановска Давкова: Турскиот јазик и култура се скапоцен дел од македонската мултикултурна ризница
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод одбележувањето на 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.
-Во богатото ткаење на нашата татковина, турската заедница е сјајна нишка која го облагородува мозаикот на заедничкото живеење придонесувајќи за зајакнување на меѓусебното разбирање и хармонија, наведува Сиљановска Давкова во честитката.
Таа потсетува дека на 21 декември 1944 година, првпат се разлеа гласот на наставата на турски јазик во просториите на училиштето „Тефејуз“.
-Денот на наставата на турски јазик го отелотворува правото на секој народ да го негува мајчиниот јазик како дел од националниот и културниот идентитет. Турскиот јазик и култура се скапоцен дел од македонската мултикултурна ризница и сведоштво за вековната симбиоза и соживот меѓу народите, посочува Сиљановска Давкова.
Јазикот не е само средство за комуникација, додава претседателката, туку и движечката сила што ги димензионира дострелите на науката, ја обликува културата и ја поттикнува мудроста на народите.
-Овој празник нека ве поттикне на уште поголеми успеси во зачувувањето и во развојот на вашиот јазик, култура и традиција. А, наставата на турски јазик нека продолжи да ги отсликува вредностите на знаењето, толеранцијата и почитувањето во нашето заедничко живеење. Честит 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик!, наведува претседателката во честитката
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши