Сиљановска Давкова: Сите граѓани на Македонија се едно семејство, заеднички да го градиме нашиот дом
Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до г.г.Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православна вероисповед.
- Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, како и на сите верници од православна вероисповед, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.Најискрено Ви посакувам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, во мир и спокој, исполнети со неизмерна радост и среќа, се вели во честитката.
Празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, се посочува во честитката од Сиљановска Давкова, значи славење и почитување на традициите и на семејните вредности, и затоа со добри мисли и со љубов да им помагаме и да им даруваме на ближните.
- Сите граѓани на Македонија, без разлика на родова, верска или етничка припадност се дел од едно семејство и затоа сложно и солидарно да го градиме нашиот заеднички дом, базирајќи го соживотот на меѓусебна почит, разбирање и добрина, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже