Сиљановска-Давкова го потпиша указот за Законот за реорганизација на државната управа
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го потпиша указот за Законот за измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа.
Во објава на „Фејсбук“, Сиљановска-Давкова појаснува дека се работи за закон кој се носи со двотретинско мнозинство којшто претседателот, согласно членот 75, став (4) е должен да го потпише, односно на кој нема право да стави вето.
- Законот е реформски и со него прво ќе се анулира паралелизмот на надлежностите на многу министерства, со што ќе се обезбеди функционалност и одговорност, второ ќе се (дис)лоцираат надлежностите во соодветните министерства, со што ќе се рационализира и ефектуира нивната работа (Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Министерство за економија и труд, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за култура и туризам, трето ќе се институционализираат нашите стратешки приоритети преку формирање соодветни министерства (Министерство за европски прашања, Министерство за дигитална трансформација) и четврто, ќе се подигне нивото на општествената грижа за физичкото и менталното здравје на нацијата (Министерство за спорт), стои во објавата на Фејсбук.
Законот беше донесен доцна вечерта во петокот со двотретинско мнозинство. Поддршка дадоа 88 пратеници, а 22 беа „против“. За измените на Законот гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“, партијата ЗНАМ, како и пратеници на Европскиот фронт предводен од ДУИ.
Ново на Сител
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено
-
Еден загинат и 27 повредени во судар меѓу автобус и автомобил кај Инџија
-
Со кран се евакуираат станари од покривот на зградата во Чаир | ВИДЕО