Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
Гордана Сиљановска Давкова до добивањето на Уверението за избор на претседател на државата од Државната изборна комисија, во изјава за МИА кажа дека до членовите на ДИК ги пренела заклучоците од набљудувачката мисија и Парламентарното Собрание на ОБСЕ, упатувајќи благодарност за успешното спроведување на изборите.
– Уверението секогаш претходи на прогласувањето што ќе се случи утре во Собранието за изборот за претседател на државата. Формална круна или формално финале на изборите. Јас со должно внимание им се заблагодарив на членовите на Државната изборна комисија, им го кажав она што го чув и од набљудувачката мисија и на Парламентарното Собрание на ОБСЕ, дека се задоволни од нивната работа, дека имало инциденти, меѓутоа и во поглед на роковите и во поглед на постапувањето дека Државната изборна комисија ја спровела работата согласно законот, изјави Сиљановска Давкова.
Таа потенцираше дека досега не сме чуле формулацијата од ОБСЕ и ОДИХР да биде „фер и демократски“ и оти тоа е долгоочекуван израз.
– Ќе ја чуеме точната формулацијата од ОБСЕ и ОДИХР, ние за жал досега не сме чуле фер и демократски, а тоа е тој долгоочекуван израз, обично изборите биле добро спроведени и добро менаџирани и така натаму. Во поглед на претседателските избори нема предмети што се во постапка, има само за парламентарните, рече Силјановска Давкова.
Уверението на Сиљановска Давкова и го врачи претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски откако претходно ДИК на седница објави конечност на изборните резултати и констатираше дека таа е избрана за претседател со мнозинство гласови од избирачите кои гласале. Сиљановска Давкова освои 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски за кого гласале 251.899 избирачи.
ДИК треба да достави извештај за резултатите до Собранието за да биде закажана седница за инаугурација на новата претседателка која ќе се одржи утре напладне.
Универзитетската професорка Гордана Сиљановска - Давкова ќе биде шестиот претседател на Северна Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.
Ново на Сител
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид
-
Пиштол пронајден на Јабланица на граничната линија со Албанија