Силен земјотрес на пацифичките острови Вануату
Земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихетеровата скала рано изутринава ја погоди островската држава Вануати во јужниот дел на Тихиот Океан, соопшти Американскиот геолошки институт.
Засега нема инфромации за евентуални жртви или предизвикани материјални штета, а не е објавена ниту опасност од можна појава на цунами.
Институтот соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 131 километар под дното на Тихиот Океан, со епицентар на 335 километри северно од главниот град на Вануату, Порт Вила.
Според Институтот, доколку жариштето на потресот било на помала длабочина, тој ќе имаше разорни последици.
Шефот на Службата за цивилна заштита на Вануату, Шадрак Велегтабит изјави дека досега не добиле пријави за настрадани или за материјални штети. додавајќи дека се уште се очекуваат информации од некои подалечни осторви, кои се наоѓаат поблиску до епицентарот на земјотресот.
Пацифичката држава Вануату се наоѓа во сеизмички активната зона на т.н. „огнен престен“ во Тихиот Океан, каде земјотресите се честа појава. Покрај земјотреси, Вануату често е на удар и на атмосферски циклони или на ереупција на вулкани.
Вануату е на првото место на листата на ОН на земји со највисок ризик од елементарни непогоди.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра