Свет
3. December 2020 - 8:31

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција.

Управата за катастрофи и вонредни ситуации АФАД соопшти дека нема непосредни извештаи за жртви или материјални штети од потресот, кој бил на длабочина од 20 километри во 8.45 часот по локално време.

Турција, која се наоѓа на трусно подрачје, оваа година веќе ја погодија два силни земјотреси – еден минатиот месец го потресе западниот пристаништен град Измир, при што загинаа 117 луѓе и вториот во провинцијата Елазиг, кога загинаа 41 човек.