Свет
6. October 2017 - 19:25

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

 

- Уште еден силен земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Јапонија.

Епицентарот на земјотресот бил кај градот Иваки, околу 200 километри североисточно од Токио.

Нема информации за жртви или за предизвикана материјална штета.

Ова е втор силен земјотрес во Јапонија денеска, откако утрово земјата ја погоди потрес со интензитет од 6,3 степени