Сијарто: Македонија што поскоро да ги почне преговорите со ЕУ и со НАТО
Унгарија сака Европската унија и НАТО да ја забрзаат интеграцијата на земјите од Западен Балкан, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
- Сакаме датум за отпочнување на преговори за Република Македонија и за Албанија најдоцна во првиот квартал од 2018 година, изјави Сијарто, кој е и домаќин на Форумот во Будимпешта.
Тој додаде дека на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во декември, Алијансата треба да одлучи да почне преговори за членство со Македонија.
Забрзувањето на процесот на приклучување е гаранција за безбедноста, истакна Сијарто на прес-конфернецијата со неговите колеги од Централна и Источна Европа и Западен Балкан.
- Нестабилен и тензичен Западен Балкан е ризик за цела Европа. Ние имаме барања поврзани со тоа, наведе Сијарто.
Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева доби целосна поддршка од колегите од Вишеградската група и од Западен Балкан за побрза интеграција на регионот во ЕУ за време на бугарското претседателствување со Советот на Унијата.
- Стабилноста и просперитетот на Западен Балкан е долгогодишен надворешнополитички приоритет на Бугарија и секако дека ќе биде во фокусот на нашето претседателствување. Апелот до нашите пријатели е: Спроведете ги реформите поради вашите граѓани, не само поради идното членство во ЕУ, истакна Захариева.
Таа наведе дека покрај политичката поддршка за шестте земји од Западен Балкан, кои сакаат да станат членки на ЕУ, треба да им се овозможи и техничка и експертска помош во преговарачкиот процес.
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на Форумот во Будимпешта истакна дека Македонија „се ќе направи за да ги убеди земјите-членки и Европската комисија дека заслужуваме во јуни следната година да преминеме во следната фаза од евроинтеграциите и да ги почнеме преговори со ЕУ.
- Ние ќе сториме се што можеме и ќе се фокусираме на реформите дома, бидејќи наша единставена цел е да ја направиме Македонија европска демократија. Нема да се караме со соседите, иако постојат искушенија, туку ќе го искористиме овој процес да научиме како да станеме европски сојузници. Сакаме да ја искористиме оваа историска можност што постои за регионот, особено за следната година и ќе сториме се за да ја убедиме секоја земја членка поединечно и Комисијата дека заслужуваме да преминеме во наредната фаза од нашето европско патување и да ги започнеме преговори со ЕУ во јуни, следната година. Македонија се соочуваше со ветар во лице изминатите години, сега би ни значело ако добиеме ветар в грб за да ви овозможиме помирни води и плодна жетва, рече Димитров.
Ново на Сител
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина
-
Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Трамп не ја исклучува можноста за средба со Зеленски за време на погребот на папата
-
Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка
-
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега
-
Уапсен мотоциклист кој удрил малолетничка во Скопје