Свет
10. November 2021 - 8:47

Си: Кина е подготвена да соработува со САД за надминување на разликите

– Кина е подготвена да работи на надминување на разликите со САД, изјави претседателот Си Џинпинг пред виртуелната средба со американскиот претседател Џо Бајден.

Во писмото што вчера го прочита кинескиот амбасадор во САД, Чин Ганг, на вечерата на Националниот комитет за односи меѓу САД и Кина во Вашингтон, Си кажа дека Кина е подготвена да соработува со САД за регионалните и глобални прашања.

Датумот на средбата на Си и Бајден сè уште не е одреден, но лице запознаено со нејзината подготовка изјави дека средбата се очекува следната недела.