-->
-->
Си-Ен-Ен: Од почетокот на ноември со коронавирус се заразени три милиони Американци
-->
Од почетокот на ноември бројот на инфекции со новиот коронавирус во САД надмина рекордни три милиони лица, соопшти Си-Ен-Ен, повикувајќи се на податоци од Универзитетот „Џон Хопкинс“.
Според универзитетот, само овој месец во САД се потврдени 3.002.082 нови случаи на инфекција со коронавирус. Ова е највисока месечна стапка од март досега. Претходниот врв беше регистриран во јули – 1.921.461 случаи. Во август, септември и октомври со коронаворус беа заразени по повеќе од еден милион Американци.
Во САД досега се регистрирани вкупно над 12,16 милиони случаи на инфекции, посочува Универзитетот од Балтимор, а умрени се 256.347 лица. САД се рангирани на прво место во светот според двата индикатори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата