Свет
20. November 2017 - 10:57

Си-Ен-Ен: Мугабе се согласи да се повлече од функцијата претседател на Зимбабве

Долгогодишниот лидер на Зимбабве, Роберт Мугабе денеска се согласил да се повлече од функцијата претседател, јави телевизијата Си-Ен-Ен, само еден ден откако тој се обрати на нацијата, но не најави дека ќе поднесе оставка како што беше очекувано.

Функционери од владејачката Африканска национална унија на Зимбабве - Патриоски фронт (ЗАНУ-ПФ) на Мугабе изјавија дека Мугабе се согласил да се повлече. 

Мугабе со денови се соочува со притисок од страна на армијата и Емерсон Мнангагва, неговиот поранешен соработник и потпретседател кого Мугабе се обиде да го разреши од функцијата.

Разрешувањето на Мнангагва и обидот на Мугабе да ја постави својата сопруга Грејс на чело на државата, предизвикаа реакција од страна на армијата.