Швајцарски „шпион“ уапсен во Германија
Еден швајцарски државјанин е уапсен во Франкфурт, обвинет дека бил шпион, соопшти германското федерално обвинителство.
Во соопштението се вели дека уапсениот работел за една странска разузнавачка агенција, уште од 2012 година.
Неговиот идентитет не се открива, освен дека станува збор за маж на 54-годишна возраст, за кого имало налог за апсење уште од декември минатата година.
Според германските медиуми, уапсениот Швајцарец ја шпионирал даночната управа на Германија, а пред се истражните постапки што таа ги спроведува.
Апсењето на шпионот се поврзува со откритието дека германските даночни власти располагаат со компакт дискови, набавени на „контроверзен начин“ од еден „свиркач“ на швајцарска банка, во обид да ги уловат имотните Германците со сметки надвор од Германија
Целиот случај веќе има предизвикано расправија меѓу владите на Германија и Швајцарија и влошување на нивните билатерални односи.
Властите во Берлин ја оправдуваат својата постапка, за да дојдат до „важни докази“ на ваков начин, инсистирајќи дека тоа било неопходно за борбата против оние германски државјани кои избегнуваат да плаќаат данок, отворајќи тајни сметки во странски (швајцарски ) банки.
Но швајцарските власти тврдат дека плаќањето за „украдени информации“ од швајцарските банки е „погрешно и неоправдливо“.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај