Штрајкот во ФЗО ставен во мирување
Штрајкот во Фондот за здравствено осигурување се става во мирување, соопшти Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ).
Одлуката, како што информираат, е донесена по денешната седница на Управниот одбор на ФЗО.
- По упатеното барање од страна на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) до Претседателот на Владата на РСМ Талат Џафери, преовлада разумот во Владата и на вчерашната седница, донесе нов заклучок со што ја поништи претходната препорака која беше испратена до Управниот одбор и донесе нова препорака, со која се препорачува вредноста на бодот да остане иста. Со донесената одлука на денешната седница на Управниот одбор на ФЗО, Синдикалната организација при ФЗО членка на Синдикатот на УПОЗ донесе одлука со која штрајкот се става во мирување, се вели во објавата на Фејсбук.
Од Синдикатот им се заблагодаруваат на сите организации од здравствениот сектор и на разбирањето на граѓаните.
- Битката е добиена, но не и војната, а по 31-ви мај очекуваме одлуката за вредноста на бодот да остане иста, во спротивно штрајкот ќе биде повторно активиран, пишува во објавата.
За во 14 часот е најавена и прес-конференција на директорите на ФЗО и претстаници на синдикатот.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги