Штрајкот на пристанишните работници во Грција продолжен до недела наутро
Фериботите и товарните бродови ќе останат во пристаништата во Грција се до недела наутро заради продолжениот штрајк на пристанишните работници, кои од минатата недела протестираат против барањето на кредиторите на земјата за зголемување на даночното оптоварување во поморскиот транспорт, јавија грчките медиуми.
Министерот за поморска флота и островска политика, Панајотис Курумблис, вчера пред новинарите уверуваше дека нема да има промена во даночниот режим за морнарите ниту за оваа, ниту за следната, ниту за годината по неа. Тој додаде дека морнарите немаат основаност за продолжување на штрајкот и дека тој е производ на нивните фантастични барања.
Министерот за финансии Евклидис Цакалотос, во Парламентот, исто така, соопшти дека во буџетите за 2017 и 2018 година нема да има никакво зголемување на даноците за морнарите.
Заради штрајкот, меѓутоа, веќе се чуствува недостиг од храна и медикаменти на грчките острови, поради што лицата кои се ангажирани во овие сектори инсистираат на прекин на протестите.
Фармерите, исто така, се незадоволни и се закануваат да го тужат синдикатот на морнарите, бидејќи нивното земјоделско производство стои по пристаништата и не може да биде транспортирано.
Ново на Сител
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите