Штрајк во хрватските основни и средни училишта
Челниците во синдикатите во образовението во Хрватска по неуспешните преговори со Владата најавија од денеска почеток на штрајк во основните и средни училишта во државата.
По вториот круг преговори, Владата не ги задоволи нивните барања за зголемување на коефициентот на сложеност на работа во образованието од 6,11 отсто.
Од денеска во штрај ќе бидат сите вработени во основните и средни училишта во Хрватска. Штрајкот ќе продолжи циркуларно, секој ден во одредени жупании – до исполнување на синдикалните барања.
– Владата понуди преку дополнувања зголемување на основата од два проценти на 1 октомври и два проценти на 1 јуни 2020 година. Тоа е неприфатливо за синдикатите и затоа преговорите завршија неуспешно, рече Бранимир Михалинец од синдикатот на вработените во образованието.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Инцидентите се дефокус од реалните проблеми
-
Нови тензии на собраниската Комисија каде вчера дојде до сериозен инцидент
-
Петков преговара за Влада - Македонија меѓу главните теми
-
Тема на денот со Оливер Бругел, потпретседател на Гересхајмер
-
Цените на струјата ќе се знаат утре
-
Дијабетичарите со месеци остануваат без ленти и глукомери - побараа средба со министерот Сали
-
Баиќ вечерва ќе „пресече“, кои 12-мина патуваат на мегдан против Шпанија
-
Нова „жртва“ на Ковид-19 на Вимблдон