Македонија
8. July 2015 - 15:00

Што остана на местото по страотната несреќа во која настрада новинарката Сузана Т. Павловска

Возилото „опел“ со кое синоќа беше усмртена новинарката Сузана Тодоровска Павлова веќе е отстрането.

Скршените скали, излогот, бетонот сведочат за силината на ударот но и за брзината со кое се движело возилото управувано од 37-годишниот Б.Б.

Синоќа околу 20,00 часот во Скопје на ул.„Васил Ѓоргов“, се случила сообраќајна незгода во која Б.Б.(1978) од Скопје, управувајќи патничко  моторно возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Сузана Т.П.(50) од Скопје која од здобиените повреди починала на местото на настанот. 

Со повреди се здобиле возачот на возилото Б.Б. и сопатничката Ј.П.(33) од Скопје, кои се пренесени во УЦ-Скопје. Увид е извршен од страна на екипа од СВР-Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Фото: Фејсбук