Живот
28. December 2015 - 16:27

Што направивме со животот: Имаме големи куќи а мали семејства, многу дипломи а малку знаење

Научивме како да преживувамо, не не научивме како и да живееме. Научивме да додаваме години во животот но не и живот во годините.

Парадокс на нашето време е да имаме големо богатство, но кратки живци, широки улици ама кратки видици, да трошиме многу а имаме малку, купувамо повеќе а уживамо помалку...

Омразата и алчноста од ден на ден ги заслепуваат нашите очи, имаме големи куќи но се помали семејства, голема удобносст а се помалку време, имаме повеќе дипломи а  се помалку знаење, имаме голем број на експерти а уште поголем број на проблеми, повеќе знаење во медицината а се помалку здравје, имаме таблети кои можат се - да те орасположат, да те излечат или пак да те убијат.

Пиеме премногу, пушиме премногу, трошемо непромислено, се смееме премалку, воземе пребрзо, лесно се љутиме, премногу одмараме, малку работеме...

Го зголемивме нашиот имот, али ги намаливме нашите вредности. Премногу зборуваме, премалку сакаме. Патувавме на Месечината а проблем ни е да одиме преку улицата да го запознаеме новиот сосед. Направивме големи но не и подобри работи.

Живееме еколошки а ја загадивме нашата душа. Го скршивме атомот но не и нашите предрасуди. Пишуваме многу а учеме се помалку, планираме повеќе а постигнуваме се помалку. Научивме да брзаме но не и да чекаме. Имаме се поголема заработувачка но се понизок морал. Имаме се повеќе храна а се повеќе сме неблагодарни.

Живееме во време на брза храна и бавен напредок: големи луѓе а мали карактери, брза заработка и површински односи. Ова е време во кое имаме мир во светот а војна во нашиот дом и душа.

Живееме во време кога е се е помал бројот на финансиски проблеми во бракот, а се поголем бројот на разводи, живееме во време кога се е поголем бројот на луксузни куќи но и поделени семејства, ова се денови на брзи патувања, кратка облека и многу низок морал.

Запомнете!

Поминувајте што повеќе време со оние кои ве сакаат, ценете го тоа што го имате, немој да бидете алчни и незаситни. Кажете понекогаш љубезен збор на оние кои ве гледаат со стравопочит да не ве изгубат, бидејќи таа “мала“ личност живее за вас.

Сетете се да дадете топла прегратка за оние кои се покрај вас, бидејќи тоа е единственото богатство кое треба да го дадете некому а вас не ве чини сосема ништо. Сетете се да кажете “Те сакам“ на вашиот партнер наместо да го споредувате и да ги барате недостатоците во него. Заборавете на алчноста, градете ја љубовта и тоа што го имате а не тоа што го немате.

Сетете се да се држете за раце и вреднувајте го секој момент кога сте заедно. Најдете време да сакате, најдете време да разговарате, и најдете време да споделите што повеќе драгоцени мисли со другите.

Смејте се често, долго и искрено. Смејте се додека не го загубите здивот. Одвојте време и кажете им на личостите кои заслужуваат дека ги сакате бидејќи животот не се мери со бројот на здивови кои ги вдишуваме туку со делата кои ги правиме и кои некому му го одземаат тој здив.  

Текстот го има напишано американскиот стенд-ап комичар Џорџ Карлин по смртта на својата сопруга.