Штипскиот градоначалник во посета на акушерското одделение
Во штипската Клиничка болница во текот на 2018 година се родиле 50 новороденчиња помалку, во споредба со 2017 година.
-Значи имаме околу 880 родени бебиња претходната година, а во 2017 година имало 924 бебиња. Се надевам дека оваа година ќе биде побериќетна и ќе успееме да ја надминеме и онаа 2017 година и ќе дојдеме до бројката од 1.000 бебиња, вели Ален Ѓеорѓијев, директор на Клиничка болница-Штип.
Ѓеорѓијев и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски традиционално по новогодишните празници го посетија одделението за акушерство, кои на прво роденото бебе во 2019 година – малата Јована од Македонска Каменица и врачија ваучер од 10.000 денари во соработка со Комерцијална банка, но исто така доби и други подароци.
Во Источна Македонија родилиштата во градовите од крајниот исток со години се затворени. Одделенија за акушерство, каде се раѓаат деца од градовите во источниот регион има во Штип и Кочани.
Штипскиот градоначалник Бочварски денеска врачи и ваучер од 10.000 денари за одделението за акушерство во Клиничка болница-Штип.
-Сакам да ја искористам оваа прилика да ја честитам новата 2019 година на семејството на малата Јована, по тој повод денеска традиционално, Општина Штип во соработка со Комерцијална банка донираше штедна книшка на малата Јована, во вредност од 10.000 денари, подарок-столче за бебето и дополнително 10.000 денари ваучер на акушерското одделение, рече Бочварски.
Мајката на прво роденото бебе во Клиничка болница-Штип, Тања Николовска од Македонска Каменица вели дека ова и е трета рожба, а чуството е идентично, како за првото и второто, така и за третото дете.
Ново на Сител
-
Тошковски: 80 години Оддел за заштита на определени личности и објекти, заради нив сме посилни и како држава и како општество
-
Физичка пресметка помеѓу двајца војници од Кондово и Матка
-
Кривична против 42-годишен скопјанец, физички нападнал полициски службеници
-
Кривична за 38-годишен штипјанец, сторено кривично дело „разбојничка кражба“
-
Лавров по разговорите во Ријад: Не само што се слушавме, туку и се слушнавме
-
Во Штип во текот на месецов регистрирани 283 случаи на грип
-
Овчите сипаници и во јануари најчесто акутно заразно заболување
-
Уставен суд утре ќе расправа по иницијатива за оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители