Штипскиот Филилошки факултет го одбележа Денот на турската култура
Со поетско читање на дела од познатиот турски поет Ахмет Јесеви, денеска на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип беше одбележан 4 мај - Денот на турската култура.
Деканката Драгана Кузмановска истакна дека турската култура претставува хетероген збир на различни култури, а истовремено е збир на екстремностите од западната и источната култура.
- Денес турската култура се стреми што повеќе да го придобие белегот на модерна култура, но сепак ги задржува традицијата и верските обележја. Ние, како Филилошки факултет, денес ја имаме честа да бидеме вклучени во прогарамата на УНЕСКО, коешто ја прогласи 2016-2017 година на познатиот поет Ахмет Јесеви, рече Кузмановска.
За мистичната поезија на Јесеви, која е стара 900 години, пред штипските студенти говореше Илхами Емин, најстариот и единствен македонски преведувач на делата на Јесеви. Тој истакна дека Јесеви уште пред стотици години преку своите пишани дела им порачал на луѓето да се сакаат, без разлика на која религија или етничка заедница припаѓаат.
Професорката на овој факултет Марија Леонтиќ соопшти дека во рамки на одбележувањето на Денот на турската култура, се организираше и дебата, а прогласен е и победникот за најдобар поетски превод посветен на поетот Ахмет Јесеви. Катедрата за турски јазик е мошне атрактивна за студентите и годишно таму се запишуваат околу 20 студенти.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите