Штипски пожарникари спремни да заминат во Турција, со вториот македонски конвој
Петмина штипски пожарникари од утринава се спремни за да заминат со вториот македонски конвој кон настрадните места по земјотресот во Турција. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека за три часа биле спремни, откако го добиле повикот од Дирекцијата за заштита и спасување.
-Чекаме наредба од Дирекцијата за зашита и спасување кога ќе тргниме, а за враќање не се знае, се зависи од ситуцијата каде што ќе одиме, за да помогнеме на настрадното население во Турција, вели Коцев.
Опремата за спасување и извлекување на луѓе под урнатините на зградите во градовите кои беа погодени од катастрофалниот земјотрес веќе е во специјализираното возило и само се чека повикот, кога штипските пожарникари во текот на денот ќе тргнат со спасувачи и пожарникари, кои ги координира Дирекцијата за заштита и спасување. Коцев посочи дека на останатите пожарникари им се дадени задачи за да ја извршуваат работата на терен и при можни пожари во општините Штип и Карбинци.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости