Штипската Итна медицинска помош се соочува со лажни повици
Штипската Итна медицинска помош се повеќе е мета на лажни повици, последниот се случил синоќа кога единствениот тим морал да се врати од селото Таринци, за да итно помогнат на пациент на улицата „Радански пат“. Но, повикот се покажал дека бил лажен.
–Пријавен е многу итен случај на „Радански пат“ дека некоја личност испила киселина и бидејќи вчера не располагавме со друга екипа бевме приморани од самиот влез на село Таринци да се вратиме и да ги бараме лицата на наведената адреса и ги баравме на дадениот број каде ни се јави лице кое не ни повикало воопшто Брза помош и рече дека некој лажно го далтелефонскиот број и адреса, рече лекарот Хусеин Османов, раководител на Итна медицинска служба – Штип
Тој истакна дека во услови на летни одмори и редуциран кадар, неретко Брзата помош во Штип работи само со една екипа. Ова значи дека нечија невкусна шега може да загрози и друг човечки живот.
–Лутајќи по тие лажни повици барајќи луѓе по адреси лажно дадени во службата и настојувајќи ние да им помогнеме на тие луѓе доаѓаме до ситуација каде на други случаи или во амбулантски услови или домашни кои реално имаат потреба од помош да завршат трагично, вели Османов.
Началникот на Итната медицинска помош, Марјан Агелов апелира да не се користи бројот на Брзата помош за нечии шеги.
–Ги замолувам граѓаните,особено од овие подрачја,да се откажат од вакви постапки за да не го доведеме животот на некој друг човек во прашање, рече Ангелов.
Лажните повици често доаѓаат од деца, но и од возрасни лица, ваквите повици често добиваат и пожарникарите, коишто досега неколкупати реагираа и бараа поведување на постапки за оние коишто лажно пријавуваат случаи на броевите.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците
-
Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден